Поврзи се со нас

Вести

Голем православен празник во чест на Свети Никола

Објавено

на

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни што се водат според јулијанскиот календар денеска го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заштит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците…Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои му се по­све­те­ни. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот.

Житие

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци. Роден е во градот Патара во Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како единствено и измолено од Бога дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина, кои решија да Му го посветат на Бога, принесувајќи Му така дар. Уште со самото негово раѓање, Светото предание му припишува чуда. Знаењето за духовниот живот св. Николај го стекнал преку својот чичко Николај, епископот патарски, кој го назначил прво за чтец, а потоа и за свештеник. По смртта на родителите Николај им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сѐ и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некоја пара и да може да се прехранат. Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт.

Наскоро чичкото на овој светител решил да оди на свето поклонување во Ерусалим, препуштајќи му ја грижата за стадото на својот внук. Овој не само што се покажал достоен и вреден за довербата, туку сето тоа го правел со крајна послушност и љубов. Откако неговиот чичко се вратил од поклонението, свети Николај побарал благослов за тој да оди во Светата земја. На своето патување низ Светата земја тој направил безброј чуда: предвиделл дека морето ќе го зафати страшна бура, која потоа ја смирил со неговите молитви и вера и го спасил од смрт морнарот, кој бил смртно повреден преку своите молитви. Пристигнувајќи во Ерусалим, Му заблагодарил на Создателот токму на местото наречено Голгота. Ги посетил сите места во Светата земја, и посакал да се повлече во пустината и да се замонаши на Синај. Но Божествен глас му се јавил, велејќи му да се врати во родната земја.

Кога се вратил во Ликија, се замонашил во манастирот Новиот Сион, основан од неговиот чичко, длабоко посакувајќи го мирот и тишината.

Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји.

Присуствуваше на Првиот вселенски собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архијерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архијереи на Соборот не им се јавија самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај.

Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболел и се упокоил во Господа, за вечно да се весели во Небесното царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 37 минути

25 годишна жена го пријавила партнерот за напад на улица во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Економското училиште во Гостивар домаќин на полуматурантите-Презентирани можностите, бенефитите и условите

Македонијапред 3 часа

Според ДЗС просечната нето плата во март била 40.496 денари

Гостиварпред 5 часа

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Акциска контрола во Гостивар, санкционирани 12 пешаци

Македонијапред 5 часа

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

Парламентарни избори 2024пред 8 часа

Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024

Гостиварпред 20 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 24 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена