Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар: Користете зимска опрема, полицијата ги советуваше возачите

Објавено

на

    Денеска (10 декември) во Гостивар беше реализирана превентивно-едукативна активност”Биди одговорен возач, користи зимска опрема”, чии носители беа Отсекот за превенција и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.

    „На пункт поставен во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, полициските службеници во разговор со поголем број возачи им укажуваа на потребата од внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот. Покрај тоа, возачите беа советувани, исто така, задолжително да ја поседуваат и носат во возилата и на возилата законски предвидената зимска опрема, особено ако патуваат кон Стража и Маврово. Возачите добија и други корисни практични совети околу чистење на стаклата на возилата, користење на антифриз и проверка на маслото во возилата.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

    Во рамките на оваа активност на возачите им беа поделени и наменски изработени летоци од МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје со редица корисни информации во нив за однесување на возачите во зимски услови.

    Ваква активност идната недела планирана е и на тетовското подрачје.Целта на активноста е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите за непречено и безбедно движење по патиштата во зимскиот период.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена