fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар несебично донира за погодените од земјотресот во Албанија

Објавено

на

Гостиварци ја покажуваат хуманоста на дело. Изминатите денови, донации за погодените од разорниот земјотрес во Албанија, се собираа во гостиварската болница и во ПС Гостивар. Акција за прибирање на финансиски средства спроведоа и жителите на Чагране, а помош донираше и Муфтиството.

„Вработените од општата болница “Др.Ферид Мурад“ од сите етникуми, Албанци, Македонци, Турци и Роми, заеднички придонесоа да им помогнат на жителите погодени од земјотресот во Република Албанија. Благодарение на групата иницијатори: Артан Хамити, Бесим Шаќири и Олгица Мерџановска и максималната поддршка од директорот на болницата д-р.Јакуп Јакупи успеавме за краток временски период да собереме 295.000 денари или 4.778 евра, кои беа префрлени на фондацијата Фирдеус на Елвис Начи во Тирана. Управата на болницата им се заблагодарува на сите раководители на одделенијата и вработените кои се приклучија на оваа иницијатива и ја покажаа својата хуманост. Болницата и сите вработени изразуваат сочувство до семејствата на жртвите, со желба повредените да се оздрават што е можно побрзо.“, известија од гостиварската болница.

Вработените во СВР Тетово и ПС Гостивар собраа донации во висина од околу 3.000 евра. Во Чегране беа собрани 21.750 евра, кои се донираат за да се изгради куќа, додека од гостиварското Муфтиство беа собрани 22.400 евра.

Поголемиот дел на вработените СОУ „Гостивар“ од Гостивар, членови на Синдикатот за образование наука и кулура (СОНК), во отворената жиро сметка на Општина Гостивар наменета за Р.Албанија, донираа финансиски средства од 45.000,оо денари како помош за граѓаните погодени од земјотресот во Р.Албанија.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Како треба да се одвива наставата во училиштата?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!