Поврзи се со нас

Вести

Гостивар се вклучува во кампањата „На секое дете му треба семејство“

Објавено

на

На поширокото гостиварско подрачје има дечиња на кои им е потребно да бидат сместени во згрижувачки семејстви, но оваа форма на згрижување кај нас се` уште не е заживеана. Со цел граѓаните подобро да се запознаат со тоа што значи згрижувачко семејство, кои се условите и бенефитите што се добиваат од државата, во Гостивар ќе се  спроведе Кампањата „На секое дете му треба семејство“. На 13-ти јули на градскиот плоштад предвиден е посебен настан преку кој ќе се испрати порака дека секое дете без родителска грижа треба да расте во безбедна и топла семејна средина.

„Со оваа кампања сакаме да помогнеме да се мобилизира доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на децата кои во моментот се сместени во големи институции. Колку и да е добра институцијата, колку и да се добри вработените, за правилен раст и развој на едно дете најважна е семејната атмосфера, нешто што големите институции не можат да го пружат. Гостивар има потреба од згрижувачки семејства, има многу дечиња кои се сместени во институции. Најтешко им е на дечињата од 0 до 3 години на кои им треба најмногу љубов и внимание, а тоа секако може да се постигне само во семејно опкружување“, вели Иконија Николоска, социјален работник во Центарот за социјална работа во Гостивар, која воедно е и обучувач за згрижувачки семејства.

Социјалните работници апелираат гостиварци да ја поддржат Кампањата, да се информираат и да се вклучат во згрижување на деца без родителска грижа. Оние семејства кои ќе се одлучат на таков чекор ќе поминат низ посебна обука и ќе имаат постојана поддршка и помош од надлежните институции.

Кампањата „На секое дете му треба семејство“ во земјава започна на први јуни, а ја спроведуваат Министерството за труд и социјала и Уницеф.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена