Вести
Гостивар „увезува“ невести – секоја петта е дојденка
Отселувањето и доселувањето на подрачјето на општина Гостивар лани, статистички отприлика е на исто ниво. Бројките покажуваат дека минатата година во гостиварската општина се доселиле 387 лица, а се отселиле 397, што покажува дека нема некоја значајна разлика. Податоците ги објави Државниот завод за статистика во посебна Публикација која ги содржи трендовите на надворешна и внатрешна миграција за 2016-та, за секоја општина во земјава одделно.
Во Публикацијата стои дека од доселените најмногу има такви кои од село дошле во градот, вкупно 230. Над 140 се преселиле од други градови во Гостивар, а 11 од странски земји како Србија, Албанија, Турција и други.
Истите земји се и на листата на држави во кои гостиварци се отселуваат. Лани официјално осум граѓани на Гостивар го напуштиле својот роден град за да живеат надвор од границите на Македонија. Интересен е податокот дека значителен број се иселуваат од градот во селата и овој тренд трае неколку години наназад.
Државниот завод за статистика анализира дека најчестата причина за миграциите е склучувањето на брак, односно преселбата на невестите од родното во местото кадешто живее момчето. Така, минатата година во Гостивар дошле околу 130 невести од кои најголемиот дел биле до 30 годишна возраст. Ако се знае дека просечно годишно се склучуваат по 650 бракови, тогаш може да се каже дека секоја петта гостиварска снаа е „увезена“.
Гостивар лани го напуштиле двајца магистри и двајца доктори на науки, додека шест лица со магистерска титула го избрале како свое место на живеење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди