Вести
УЈП на терен – казни за неиздавање фискални сметки
Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, потенцираат од Управата за јавни приходи.
– Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а на адреса на УЈП постојано пристигнуваат и пријави за издавање на сметки кои не се фискални. Укажуваме дека употребата на опрема од неовластени производители кои ги немаат функционалностите и карактеристиките на фискален систем на опрема (фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување – ГПРС), е спротивно и казниво со Закон, велат од УЈП.
УЈП најавува засилен мониторинг на готовинскиот промет и присуство на терен во делот на фискализацијата, поради што апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со цел избегнување на казни.
Извор: OhridNews
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград