Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Објавено

на

Во пресрет на 8 Март, Денот на жената, во Гостивар се одржа настан посветен на жените коишто се борат против канцер. На присутните им беа поделени розови панделки, кои се симбол на борбата против рак на дојка, имаа можност да слушнат совети од лекари специјалисти, а како подарок добија ваучер за фризер.

Настанот го организираше здружението When in Trouble, во соработка со здружението за борба против рак „Борка, за секој нов ден“.

„Целта ни е пред 8 Март, да обрнеме внимание на жените кои се борат со малигни заболувања, да ја искажеме нашата поддршка и да им покажеме дека не се сами. Им благодарам на сите кои дојдоа и дадоа свој придонес во настанот“, рече претседателката на When in Trouble, Билјана Беловинова.

Поддршка за жените кои се борат против канцер е потребна секогаш, не само кога има кампањи, нагласи претседателката на здружението „Борка“, Биба Додева.

„Целата иницијатива на настанот е да се даде поддршка, не само во време кога е месец на рак на дојка, не само кога сме активни со кампањите, туку и во време кога сме оптоварени со ковид, а не смееме да го заборавиме животот и секојдневните проблеми со кои се соочуваат овие жени. Тие ќе добијат ваучер за бесплатни фризерски услуги, знаеме дека косата паѓа и тоа еден од големите проблеми со кои се соочуваат жените. Борка овозможува бесплатни перики, а еве преку ваучерот после терапијата ќе одат на фризер бесплатно, да направат фризура, да се чувствуваат женствено, затоа што ракот не означува смрт“, истакна Додева.

Еден од лекарите што се обрати на настанот беше онкологот од Гостивар, Илир Исмаили.

„Како што знаеме карциномот на градата е водечки од сите карциноми кај жените. Во земјава имаме од 750 до 800 новодијагностицирани секоја година. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека превенцијата на карцином на градата е многу важна, значи да се прави самопрегледи, ехо, мамографија“, рече д-р Исмаили.

Своја поддршка на настанот даде и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Чест ми е што сум денес дел од овој настан, заедно да придонесеме за повисока свест за превенција и да ја дадеме поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка Наскоро во Гостивар започнуваме со скрининг за што побрзо откривање на оваа болест и се ќе биде финансиски покриено од страна на локалната самоуправа.“, рече градоначалникот.

Меѓу присутните беа пратеници од Гостивар, членови на општинскиот совет, медицинари, граѓански здруженија итн.

Организаторите доделија благодарници на лекарите и поддржувачите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена