Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци без посебно предновогодишно расположение, славењето во сенка на кризата

Објавено

на

На десетина дена пред дочекот на Новата година во Гостивар не се чувствува, ниту се забележува некоја посебна предпразнична атмосфера. Секојдневната глетка низ градските улици делува вообичаено, без да може да се насети новогодишно расположение. Во централното подрачје денес околу пладне, како и во други периоди од годината: раздвиженост, погуст сообраќај и луѓе кои брзаат да си ги завршат обврските. Бевме меѓу гостиварци во обид да доловиме дали кај нив се наѕира новогодишен дух, планираат ли прослава за најлудата ноќ и колку актуелната криза им го дозволува тоа.

Поголемиот дел од граѓаните со кои поразговаравме рекоа дека 2023-та година ќе ја дочекаат дома, скромно, оти семејниот буџет не стига за кафеански прослави или патувања.

„Кризата многу не‘ погоди сите и мислам дека нема семејство што не‘ трпи последици. Се мачиме да го скрпиме месецот, да ги платиме сметките, да има за јадење, за децата, само за основни работи. Во вакви улсови нема за ништо повеќе, па ни за славење Нова година. Ќе се собереме дома на скромна трпеза, како и секој ден. Порано беше поинаку, остануваше по некоја пара, па ќе се собереше и да појде човек некаде, да се почести, да прошета. Сега каде и како со 300 евра плата или пензија“, кажа повозрасен гостиварец.

Слични беа одговорите што ги добивавме и од другите соговорници кои ги сретнавме на плоштадот денес. Ретко некој имаше поинакво мислење, како на пример граѓанин кој рече дека кризата не е нешто ново, а луѓето се учат да се прилагодуваат: „Кој сака да слави, ќе најде начин да слави. Кризата не е од сега, ние живееме во криза повеќе од дваесет години, луѓето се навикнуваат и се снаоѓаат. Не дека е лесно, ама туркаат. Јас за сега немам некои планови како ќе ја дочекам Новата година, има време, рано е“, рече тој.

Периодов се очекува во Гостивар да пристигнат печалбарите кои носат некакво финансиско освежување и заживување на локалната економија. Каква новогодишна сезона ќе биде ова за Гостивар, по две години пандемија, сепак, останува да се види.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 7 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 9 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 11 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 12 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 13 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 14 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 16 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 16 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 18 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена