Гостивар
Полицијата во Гостивар и Тетово ги посети тезгаџиите и трговците: Не продавајте петарди!

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција вчера (18 декември) од 10 до 14 часот спроведоа конкретни превентивни активности на планот на откривање, спречување и санкционирање на нелегалното набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства во Гостивар и Тетово.
Како што информира полицијата, во Гостивар во овој период беа посетени повеќе импровизирани тезги за продажба на новогодишни реквизити, поставени на улиците „Браќа Ѓиновски“, „Гоце Делчев“ и „Мајор Чеде Филиповски“, како и специјализирани продавници и киосци во централното подрачје во кои се нудат најразлични вакви реквизити. При посетата, сопствениците на тезгите и продавниците поблиску беа запознати со законските импликации доколку вршат продажба на пиротехника и посебно на малолетни деца, а истите беа предупредени и за можните кривични и прекршочни санкции од продажба и активирање петарди на јавни места.
Покрај во Гостивар, вакви посети вчера се реализираа и на тетовските улици „Маршал Тито“, „Видоја Смилевски-Бато“, како и на тетовскиот Зелен пазар. И на овдешните трговци им беше советувано да се воздржат од продажба на пиротехника, зашто во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и со кривично-правни последици.
Слични активности ќе се реализираат и во наредниот период, со цел да се придонесе за справување со нелегалната продажба и активирање на пиротехника пред и за време на престојните празници, наведуваат од СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава