Поврзи се со нас

Вести

Гостиварец прогласен за најдобар финансиски директор во Бугарија

Објавено

на

Младен Маркоски од Гостивар се закити со наградата Најдобар финансиски директор на годината за 2018-та во Бугарија. Престижното признание му беше доделено пред неколку дена на пригодна манифестација организирана по петти пат од консултантската компанија Ernst & Young во Бугарија, која го врши рангирањето на најуспешните професионалци во областа на финансиите.

Кандидатите за наградите се оценуваат според нивните најнови финансиски резултати, лидерство, стратешки насоки, иницијативи, иновации и друго. Гостиварецот победи во категоријата за „Севкупен придонес“, односно имаше најмногу поени во сите посебни категории – „Стратегија за развој на финансиската функција”, „Планирање и прогнозирање”, „Контрола и одговорност” и „Ликвидност и ризик”.

Утрово го исконтактиравме Марковски, сo голем поздрав до гостиварци за Gostivarpress.mk ни изјави:

„Освоената награда е една од најпрестижните во областа на финансиите. Самото реноме на организаторите Ernst&Young и Forbes говори само по себе за критериумите при изборот. За мене наградата е голема чест и признание за целиот досегашен труд и работа. Дополнително, таа е поттик за понатамошен професионален развој. Би сакал да ги поздравам сите гостиварчани, моето семејство и пријателите и да им се заблагодарам за целата досегашна поддршка. Последните години работам надвор од Македонија, и ретко доаѓам во Гостивар. Сепак, каде и да сум, не заборавам од каде сум тргнал и секаде гордо го претставувам своето гостиварско потекло“

Маркоски е главен финансиски директор на мобилниот оператор А1 во Бугарија.  „Му благодарам на менаџментот и тимот на A1 за поддршката и за одличните достигнувања, кои ги направивме заедно. Оваа награда ме мотивира за уште поголеми напори и подобри резултати во нашата работа годинава“, изјави Младен за бугарските медиуми.

Четириесетгодишниот Маркоски има долгогодишна успешна кариера во областа на финансиите, а во телекомуникацискиот бизнис е од 2002 година. Дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистрирал бизнис администрација на Cotrugli Business School.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена