Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Гостиварецот Ментор Саити нов командант на специјалната единица Ренџери

Потполковникот Ментор Саити од Гостивар е поставен за нов командант на специјалната единица Ренџери при Полкот за специјални операции на АРМ. Саити своето високо образование го стекнал на Воената Академија во Скопје, а постдипломски студии и две специјализации завршил во Америка.

Во 2014-та година беше прогласен за почесен граѓанин на градот Левенворт, Канзас, САД, титула со која се здоби поради постигнатиот успех при студирањето на Командно-штабна академија на копнената војска. Има богата воена кариера.

Гостиварската јавност го познава како страстен параглајдерист. Оженет е и татко на две деца.

Ментор Саити како командант на специјалната единица „Ренџери“ доаѓа на местото на потполковникот Блерим Исмаили, кој исто така е од Гостивар.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!