Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварката Хатије Исмаили прогласена за најдобар лекар во Словенија

Објавено

на

Гинекологот Хатије Исмаили од Гостивар е избрана за најдобар лекар за 2020-та година во Словенија. Изборот бил направен преку акција насловена „Мојот лекар“ со гласање на граѓаните пациенти. Исмаили освои најмногу гласови во својата област-гинекологијата, но и вкупно од сите кандидати медицинари.

Високото признание официјално и’ беше врачено денеска од страна на претседателот на Словенија, Борут Пахор на свечен прием.

Како што пишува во соопштението на кабинетот на претседателот, Пахор им се заблагодарил на лекарите за важната општествена мисија што ја извршуваат, истовремено посочувајќи ја и улогата на политиката во обезбедувањето соодветни услови за нивната работа. Исмаили упатила благодарност до пациентите за довербата и рекла дека наградата е охрабрување да продолжи со својата лекарска мисија.

Хатије Исмаили завршила средно образование во гостиварската гимназија, а потоа продолжила да се образува на медицинскиот факултет во Ријека, Хрватска. По завршување на студиите се преселила во Словенија, каде денес работи и живее со своето семејство.

 

фото:Фејсбук/Борут Пахор

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена