Култура
Гостиварски театар наскоро со две премиери: Уникатни во земјава и во регионот!

Во Гостиварски театар се подготвуваат две претстави, кои ќе доживеат премиерна изведба во следниот период. На 24 јуни ќе биде одиграна претставата на „Каде е пиштолот?“ од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, во режија на Ѓорѓи Ризовски, додека за јули е планирана премиера на „Тајните на мостот“од Сеадет Беќири во режија на Фатмир Хусени.
„Гостиварски театар е уникатен не само во земјава, туку и во регионот, затоа што има претстави на три јазици, македонски, албански и турски, а зошто да не, ако успееме да направиме и на ромски јазик. Како најважна културна институција во градот, сметам дека во иднина ќе бараме помош и поддршка не само од Министерството за култура, туку ќе ги повикаме сите културни дејци, невладини организации, локалната власт и сите кои може да продонесат да ја прошириме програмата. Исто така, имаме идеја да ги вклучиме и децата, со оглед дека немаме детски театар во Гостивар, значи да обезбедиме екстра буџет за детски претстави, како и претстави за млади и со млади. Таргетот и фокусот ни е публиката, сакаме да ја вратиме публиката во што поголем број“, изјави на денешната прес конференција, директорот на Гостиварски театар Сулејман Рушити.
Во „Каде е пиштолот?“ играат:Ариан Ејупи, Кујтиме Ахмети, Ирена Илиевска, Марко Дојоски, Береда Решит, Вулнет Исмани и Исмаил Омер.
„Пред се‘ сакам да нагласам дека имавме многу убав процес на работа во еден театар кој се развива се‘ повеќе и повеќе. Да го пофалам ансамблот на Гостиварски театар, од кој како режисер сум многу задоволен, мислам дека ќе успееме да имаме претстава за која на сите ќе ни биде ќеиф и ќе бидеме горди. Инаку, ова е универзално дело, кое се бави со големи и вечни теми, која е многу актуелна, провоцира и ќе допре и ќе ги дрзне луѓето да подразмислат за некои работи. Во неа се ликови кои се затворени во една просторија и ги има од секој етапа од општеството, значи од скитник до човек на власт, кој ги води работите. И секој еден од нив на некој начеин во одреден момент го има пиштолот, па така имаме можност да видиме како секој од нив би изреагирал во одредена ситуација“, рече режисерот Ризовски.
Гостиварски театар летово го очекува и учество на Фестивалот на албанската драма во Дебар.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022