Поврзи се со нас

Вести

Гостиварските ученици преку уметноста порачаа „Стоп за говорот на омраза“

Објавено

на

 

Во средното техничко училиште во Гостивар денес беше отворена изложбата на слики од средношколци, на тема „ Живеј во хармонија со другите“. Активноста е дел од превентивно-едукативниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“, чии носители се Отсекот за превенција на СВР Тетово и ОБСЕ, во соработка со гостиварската локална самоуправа. Претходно во училиштата беа организирани работилници и предавања. На денешната изложба се најдоа дваесетина слики од ученици од сите гостиварски средни училишта.

„Толеранцијата меѓу различните етнички групи е многу деликатна тема. Ние како гостиварци ја негуваме, а треба и пред младите да покажеме колку е таа важна. Токму тоа е и целта на оваа изложба“, рече Аслијан Снопче, од Секторот за образование на општина Гостивар.

На отворањето на изложбата се обрати директорот на техничкото училиште, Гајур Изаири, кој нагласи: „Некогаш и несвесно може да кажеме некоја реченица или збор со кои ќе навредиме некого. Сликите на учениците носат силна порака за тоа што е говор на омраза, а што разбирање и толеранција“.

Авторите на најуспешните дела, по избор на посебна комисија добија пригодни награди и признанија од организаторите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена