Вести
Гостиварското музичко училиште прослави патронат
Со свечен концерт, кој се одржа во големата сала на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, основно музичко училиште „Енвер Стафаи“ го прослави својот патрон празник. Учениците пред публиката се претставија со неколку хорски песни како и со инструментални изведби на класични дела.
„Навистина е голема гордост да се води училиште кое е место кадешто се негуваат и развиваат музиката и културата. Ги поканувам родителите да не посетат и да ги запишат своите деца, затоа што Гостивар има потреба од млади таленти на кои треба да им се даде шанса“, рече Бетиме Јакупи, директорка на училиштето.
Музичкото училиште во Гостивар постои речиси три децении. Актуелно има околу 140 редовни ученици распоредени во наставни групи на: македонски, албански и на турски јазик. Во училиштето се изучуваат солфеж и инструмент, пијано или хармоника по избор на ученикот.
На концертот по повод патрониот празник настапуваа и гости од музичкото училиште „Тодор Скалоски Тетоец“ од Тетово и денс студиото I dance.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди