Вести
Мултикултура: „Снежана и седумте џуџиња“ во Гостивар на три јазици
Дваесетина основци од училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар учествуваа во мултиетничката претстава „Снежана и седумте џуџиња“. Малите актери ги одиграа добро познатите улоги на убавата Снежана, лошата кралица, ловецот, принцот и џуџињата, на истата сцена, а секој на својот мајчин јазик: македонски, албански и турски.
Овој настан е првиот од четирите кои ќе се реализираат во рамки на проектот„Рамислувај различно, почувствувај ја различноста и делувај различно“, што го спроведува Иницијативата за граѓански иницијативи (ИГИ), Гостивар.
„Целта на овој проект, кој ќе трае пет месеци е соединување на учениците од различни етнички групи, подобро разбирање и почитување на различностите“, рече Хавса Муслиу, координатор на проектот.
„Работевме под мотото „Глумиме заедно“ и сакаме да пренесеме порака дека децата треба што повеќе да се дружат, да соработуваат и да ги почитуваат различностите, како и сите ние возрасните“, изјави, Анета Филипоска, директор на претставата.
Проектот е дел од Програмата „Различноста е во мода-промоција на мултикултурализмот на локално ниво“ на Асоцијативата за демократски иницијативи, Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди