Вести
Гостиварци со нежно здравје – за една недела 125 заболени од грип
Релативно топлото време кое владееше до сега месецов е погодно за ширење на вирусот на грип. Оваа зима на пониските места немаше пообилни врнежи од снег, што создава услов плус за лесно разболување на населението и пренесување на вирусот. Последните податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека на подрачјето на Гостивар само за една недела има 125 новозаболени пациенти од грип. Почетокот на второто полугодие, односно враќањето на учениците во училиште уште повеќе го зголемува ризикот од заразување.
Токму граѓаните на Гостивар се најпогодени од грип сезонава, со вкупна бројка на пациенти од над 400. Соседното Тетово е на второ место со околу 270 заболени.
Вкупно во Македонија има околу 1.800 грипосани. Лабораториски до сега се потврдени случаи на свински грип и на таканаречен јапонски грип (tip B , Yamagata).
И покрај порастот на бројот на пациенти, надлежните здравствени институции оценуваат дека активноста на грипот се уште е на ниско ниво.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените