Гостивар
Градинките во Гостивар првиот ден згрижија 117 деца, строгите правила се почитуваат

Објавено
пред 4 месецина

Најмалите го скршија мразот и повторно зачекорија во градинките. По половина година пауза предизвикана од ковид пандемијата, гостиварските градинки денес ги отворија вратите за дечињата. Заради заштита на нивното здравје, како и здравјето на воспитувачките и негувателките се почитуваат строгите правила, предвидени во протоколот.
Вработените носат маски, групите не се мешаат, рацете се мијат често, а се дезинфицираат и масичките и другите работни површини. Температура со бесконтактен топломер мора да се измери на секој што влегува во објектот и при прием на децата.
„На влез на децата им се мери температура, и доколку не е покачена по дезинфекција на рацете, детето го презема неговата воспитувачка. Во занималните се води грижа да се држи растојание и одржува хигиена. Децата јадат во своите занималани, а секое дете за спиење има по две постелнини. Ние се трудиме максимално престојот на дечињата да биде безбеден. Може да кажам дека денешниот прв ден поминува со почитување на протоколот и сите правила, во мирна и убава атмосфера.“, изјави Мирјана Мицоска, директор на детски градинки во Гостивар.
Интересот за згрижување на деца во градинките во Гостивар отсекогаш бил голем, а листите на чекање долги. Сепак, сега согласно протоколот се формираат помали групи и капацитетот се преполовува. Во првиот ден згрижени се 117 дечиња и има место за уште толку.
„Според протоколот градинките во Гостивар може да примат 321 дете. Денес дојдоа 117. Се надеваме дека во наредните денови и други родители ќе ги донесат децата, затоа што имаме капацитет за повеќе“, рече Мицоска.
Пред стартот на работата сите градинки во Гостивар беа темелно дезинфицирани. Согласно препораките, додека има поволни временски услови, повеќето од едукативните активности и игрите ќе се одвиваат во дворовите, на отворено. Во градинките поставени се информативни материјали за мерките на заштита од коронавирус, со содржини и илустрации прилагодени за детска возраст. Воспитно-образовните тимови новите правила и состојби на дечињата ќе им ги објаснуваат преку игри, песни и приказни.
Градинките ќе се водат по мотото – “Играме, учиме и растеме на дистанца.”
АНКЕТА:

КК Гостивар денес ја пречекува екипата на МЗТ 2

Приведени три лица во Гостивар поради трговија со кокаин

Самовработување со кредитирање – од 5 до 10.000 евра за невработените за свој бизнис

Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Верувале или не?!

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова неделна акција” (15.01.2020 до 21.01.2020)

403 нови случаи на ковид-19 во земјава

Гостиварката д-р Хатије по вакцинирањето: Немам никакви несакани ефекти, вакцината е светлина на крајот на тунелот

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка