Гостивар
Градинките во Гостивар се враќаат на работа по старо, од 6.30 до 18 часот и со повеќе деца во група

По скоро две години функционирање со ковид протоколи и ограничувања, работата на градинките во Гостивар ќе се организира по старо, како пред пандемијата. Работното време на установите за згрижување дечиња, повторно ќе биде од 6.30 до 18 часот, а се зголемува и бројот на деца во групите. Овие одлуки беа изгласани на денешната седница на Советот на Општина Гостивар.
„Како што знаете, изминатиот период поради ковид состојбите работевме со скратено работно време, а оваа одлука всушност значи дека се враќаме во нормала, односно дека згрижувањето на децата почнува од 6.30 наутро и трае до 18 часот попладне. Исто така, работевме и според протоколи кои налагаа намален број на деца, сега мора да ја зголемиме бројката на деца во групите. Просторните и човечките капацитети за сега се тие, и за да излеземе во пресрет на родителите принудени сме да преземеме таков чекор. Зависно од големината на занималната максималната бројка на деца ќе биде 25 до 30.“, појасни пред советниците, Даниела Бошкоска, директор на ЈУДГ „Детска Радост“ во Гостивар, во чиј склоп работат градинките и Центрите за ран детски развој.
Бошкоска нагласи дека на листата на чекање моментално има 365 деца, во подготовка е уште еден објект со кој се очекува да се ублажи проблемот, но не и целосно да се реши, со оглед на големиот интерес на родителите да ги запишат дечињата во градинка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести