Гостивар
Засилена контрола на мотоциклисти во Гостивар и Тетово, 30-тина казнети
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (30 август) од 9 до 14 часот на поширокото тетовско-гостиварско подрачје спровеле засилена акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и адекватно санкционирани 28 прекршоци (Тетово-11 и Гостивар-17).
Најголемиот број од констатираните прекршоци (24) се однесувале на некористење заштитна кацига, односно шлем од мотоциклистите (ТЕ-8 и ГВ-16), 3 мотоциклисти управувале без потребната возачка дозвола, а откриени и санкционирани биле уште 6 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со совет и апел до мотоциклистите целосно да ги почитуваат важечките сообраќајни знаци, правила и прописи, да не возат пребрзо, задолжително да користат заштитна опрема и да не создаваат голема бучавост, посебно во вечерните часови. До нив се апелира, исто така, пред да седнат на мотоцикл да ја посетат законски предвидната обука и да го положат возачкиот испит, зашто на тој начин најдиректно придонесуваат за својата лична и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
СВР Тетово и во наредниот период ќе реализира вакви или слични контролни активности, со цел навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните мотоциклисти, пребрзите, пребучните и оние кои се движат без заштитните кациги.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден