Поврзи се со нас

Гостивар

Граѓаните повеќе да плаќаат, претпријатијата почесто да чистат-порача министерката Шукова

Објавено

на

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова упати апел до граѓаните и локалните институции во Полошкиот регион за поголема интеграција во однос на прашањето на справување со отпадот. Таа посочи дека двете страни редовно треба да ги исполнуваат обврските со цел да има почиста животна средина.

„Граѓаните бараат услуга, јавните претпријатија треба да дадат услуга. Меѓутоа граѓаните за да добијат услуга, треба да платат и за услугата. За жал, во Полошкиот регион нивото на наплата на услуга е многу ниско во однос на другите региони. Апелирам да се зголеми наплатата, значи граѓаните да плаќаат ама и, јавните претпријатија да се обратат спрема граѓаните да си соберат средства коишто потоа треба да ги инвестираат во расчистување на дивите депонии во регионот“, изјави Шукова.

Според министерката, централната власт преку странските фондови учествува во справувањето со отпадот.

„Имаме постојано средба со градоначалниците. Полошкиот регион е планиран како еден од регионите коишто се финансира од новиот заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за воспоставување на основна инфраструктура за управување со отпад по европски стандарди. Кај Полог е планирана дорехабилитација на Русино. Таму швајцарската Влада вложи дел од средствата. Еве и во рамките на овој заем се планирани, меѓутоа што е битно- обврските да ги исполнуваат сите“, посочи министерката Шукова.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена