Поврзи се со нас

Гостивар

Греалките и печките на дрва да не се оставаат да работат без надзор-Апел од полицијата

Објавено

на

По стартот на грејната сезона, полицијата предупредува на можните опасности од пожари.

Поради зголемен ризик од избувнување на пожари, пред сѐ како резултат на човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќи или станбени згради,                 Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до граѓаните за максимална внимателност.

„Тоа подразбира да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се присутни во домовите или работните простории, пред сѐ греалки, клима уреди или печки на дрва. Зашто, доволна е само мала искра за да пламне пожар со сериозни материјални и други последици. Ова, посебно се однесува на станбените згради, каде далеку потешко се локализираат пожарите, поради недостиг на потребната опрема во многу од нив и отежнатиот пристап до објектите, најчесто од градежни или други причини. На сопствениците на куќи и на станарите во зградите им се советува најмалку два пати годишно да ги проверат и исчистат оџаците, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на повеќе електрични апарати оддеднаш.“, советува СВР.

Предизвикувањето на општа опасност претставува кривично дело за кое согласно член 288 од Кривичниот законик, зависно од околностите и последиците, предвидена е затворска казна од шест месеци до пет години, а доколку тоа е направено од небрежност затворската казна е до три години.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена