Здравје и убавина
Хроно – диета што ја сакаат сите!

Најпопуларниот начин на исхрана моментално, преку кој луѓето ја достигнуваат идеалната тежина е хроно исхраната. Заснована на правилото, одреден вид на намирници да се конзумираат во точно определено време, оваа диета станува број еден, како во светот, така и кај нас. Тоа што најмногу привлекува кај хроното е што може да се јаде секаква храна, но важен е тајмингот и комбинирањето.
Првичниот хроно систем на исхрана го смислил францускиот лекар Ален Делабос во 1986 година. Целата исхрана е подредена на правилна работа на панкреасот и лачењето на инсулин и кортизол, како и ензимите кои се потребни за варење на храната кои што не се лачат во секое време од денот подеднакво. Оттогаш до сега хроно исхраната се менувала и усовршувала. Докторката Ана Гифинг како голем промотор на овој вид на исхрана, за своите пациенти вовела и фаза која е наречена – Рестрикција. Тоа е период во кој телото се чисти и организмот се прилагодува на новиот начин на исхрана. Токму во оваа фаза најмногу се намалува телесната тежина, а после тоа се овозможува да се задржи истата.
Во фазата на рестрикција е смален бројот на продукти кои се внесуваат, шеќерот и овошјето се исклучени и нема ужина. Фазата трае минимум 28 дена или додека не се постигне посакуваната тежина. По рестрикцијата се воведува хроно исхрана со правилно комбинирање на продуктите за доручек, ручек и вечера. Така на пример, доручекот треба да биде обилен и да вклучува масти и белковини, да се јаде сирење, путер, храна која содржи скроб (леб), протеини (јајца или сувомеснати производи). Ручекот треба да содржи помалку маснотии отколку доручекот, но да обезбеди мала количина на шеќер и билни протеини. Не треба да биде преобемен, но доволен да не осетите глад до следниот оброк. За време на ручекот не треба да мешате протеини и јаглени хидрати и овој оброк да се јаде најдоцна до 15 часот. За вечера се избира лесна храна: риба, посно месо и малку зеленчук. Со вечерата не е дозволено да се внесуваат шеќери, маснотии и скроб, што значи за вечера не се конзумира тесто, леб и сл. Тоа што можеби најтешко им паѓа на луѓето кои избираат хроно е правилото дека не е дозволено грицкање помеѓу оброците.
Други забранети продукти се: оцет, кравјо млеко, маргарин, растителен кашкавал и сирење, растителна маст, растителна павлака, топли пецива.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!