Поврзи се со нас

Гостивар

Хрватската Амбасадорка кај Таравари: Политика, евроинтеграции, соработка-теми на разговор

Објавено

на

Актуелните политички состојби во земјава, енергетската криза, евроинтеграциите, како и можностите за соработка меѓу гостиварската и општини во Хрватска беа теми на разговор на денешната средба меѓу хрватската Амбасадорка, Нивес Тигањ и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Амбасадорката, меѓу другото најави дека лекари од Хрватска ќе соработуваат со свои колеги од гостиварската болница за да ги пренесат своите знаења и искуства.

„Чест и задоволство ми е да бидам во Гостивар и да разговарам со градоначалникот за ситуацијата во Гостивар но и во целата Северна Македонија, во контекст на силна поддршка на евроинтеграциите, пренесување на нашите искуства од преговарачкиот процес, користење средства и фондови. Билатерално во смисла, соработка со општината Света Недеља со која Гостивар е збратимен. Ние покренавме иницијатива за соработка меѓу клинички центар во Хрватска и болницата во Гостивар, хрватски лекари стручњаци од одредени области да остварат соработка со Гостивар“, рече Тигањ.

И градоначалникот изрази задоволство од средбата и посетата на Амбасадорката.

„Посебна чест и задоволство ми е што ја имаме во посета Амбасадорката на Хрватска. Разговараме за општи теми актуелните политички состојби, меѓуопштинска соработка, знаете многу граѓани од Македонија живеат и работат во Хрватска. Би сакал да кажам дека ние веќе сме збратимени со хрватската општина Света Недеља.“, рече Таравари.

Тигањ во Општина Гостивар беше пречекана со букет цвеќе.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена