Вести
Хумана акција на учениците од економското училиште
Предновогодишниот период е вистинското време да се направи добро дело, да се пружи помош и да се донира. Средношколците од економското училиште во Гостивар иницираа хумана акција за собирање на донација наменета за дечињата од Дневниот центар со посебни потреби и за социјално загрозени семејства. Хуманите економисти од собраните средства подготвија новогодишни пакетчиња кои денес ги однесоа во Центарот. Покрај пакетчињата донираа и компјутерска опрема специјално наменета за деца со посебни потреби.
„Нашата основна цел, прес се` е да им помогнеме на оние на коишто најмногу им е потребно и да им подариме трошка надеж и топлина за престојните празници“, рече ученичката Милица Цветановска.
„Во акцијата која се организираше под мотото „Хуманост на дело “, се вклучија и основците од гостиварските училишта. Многу сме задоволни што активноста е успешна и предизвика голем интерес“, рече директорката на економското училиште, Јованка Огњаноска.
Средношколците преку оваа акција собраа и 20 илјади денари кои се наменети за помош на две социјално загрозени смејства од Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар