Гостивар
Хуманитарен базар во Гостивар-За достојно велигденско празнување на социјално загрозените

Празнувањето на верските празници, кога вниманието на луѓето е сосредоточено кон семејството, домот, духовноста, вистинските вредности, надежта, не би било комплетно без да се свртиме кон хуманиот аспект и да помогнеме на оние на кои им е тоа најпотребно.
Солидарноста е особено важна во ова време на голема економска криза, поради која многу семејства не можат секојдневно да се прехранат, а трпезата за Велигден им е далеку од празнична. Со цел да се излезе во пресрет на социјално загрозените во деновите од велигденските празнувања и да се внесе барем малку радост во нивите домови, во Гостивар и годинава се одржува хуманитарен велигденски базар. Настанот по го организира здружението When in Trouble, чии волонтери попладнево на посебен штанд во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ продаваат разни изработки, украси, колачиња, декорирани слатки, накит, свеќи и сл, а собраните средства ќе бидат наменети за сиромашни семејства.
„Настанот го организираме по четврти пат, со тоа што имавме пауза кога беше пандемијата. Ме радува што во активноста се вклучуваат многу граѓани, ученици, дечиња од градинките, кои несебично подарија свои изработки, а тука се и младите волонтери кои денес помагаат на штандот. Им благодариме од срце на хуманоста. Со сите средства што ќе се соберат ќе бидат купени прехранбени продукти за велигденските празници за социјално загрозени семејства.“, рече претседателката на здружението, Билјана Беловинова.
Верниците кои доаѓаат поладнево во црквата и ги носат децата да се протнат под Плаштеницата, купуваат од изложеното на штандот, донираат и придонесуваат за успешна хуманитарна акција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос