Вести
Хуманитарна осмомартовска акција на учениците од економското училиште

Младите економисти од Гостивар го споија денешниот Меѓународен празник на жената, со една убава и хумана акција. Членовите на Училишната заедница од средното економско училиште, изработија честитки и украси со осмомартовски пораки и ги продаваа на посебен штанд на градскиот плоштад. Собраните пари ќе ги наменат во хуманитарни цели.
„Оваа акција е значајна затоа што поттикнува кај младите да се развие чувство за хуманост, да се помогне некому. Но исто така, важно е што учениците од трите наставни јазици:македонски, албански, турски работат заедно и ја негуваат мултикултурата и соживотот на овие простори“, рече директорката на средното економско училиште, Јованка Огњаноска.
Учениците во спроведувањето на денешната хуманитарна активност, која треба да даде позитивен пример за сите млади, беа поддржани од своите професори и професорки.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение