Поврзи се со нас

Гостивар

Хуманитарната организација DAVA храни 250 сиромашни семејства во Гостивар секој ден

Објавено

на

Повеќе од една година хуманитарната организација Дава со својата народна кујна обезбедува оброци за сиромашни семејства на подрачјето на Гостивар. Овие хуманитарци поддаваат рака во секој дом каде е неопходна помош, без оглед на националната или верска припадност.

Велат „Никој на овој свет не треба да биде гладен“ и секојдневно несебично вложуваат од своето време и труд да им се најдат во најтешкото на загрозените граѓани. Во голем број домови носат топли оброци, а кај оние семејства кои можат сами да си ја подготват храната им доставуваат намирници.

„Кога се разгоре пандемијата во Гостивар, престанавме да готвиме во кујната, бидејќи работевме и со болни луѓе и не сакавме да го загрозиме нивното здравје. За тоа време, само им носевме намирници. Со стабилизирање на ситуацијата, по еден месец пауза, повторно ја отворивме  кујната и започнавме да ја готвиме бидејќи има толку многу луѓе кои не можат сами да си подготват јадење.“, рече Муса Хусеин од Дава.

Хуманитарната организација Дава секојдневно храни околу 250 семејства во гостиварскиот регион. Бројката двојно се зголемила откако почна пандемијата.

„Претходно беа околу 130 семејства, а сега таа бројка стигна до 250. Сепак, ние успеваме да одговориме на потребите. Функционираме со донации, но не земаме пари, туку им кажуваме на тие што сакаат да помогнат да купат храна во маркетите, која потоа ја подготвуваме и делиме. Кога некое семејство бара помош од нас, најпрво излегуваме на терен, да видиме каква им е состојбата. Доколку утврдиме дека навистина имаат потреба, веднаш започнуваме со редовно снабдување со јадење“, рече Хусеин искажувајќи голема благодарност до сите хумани луѓе, фирми и организаици што даваат свој придонес со донации.

Организацијата Дава се наоѓа на ул „Светозар Пепоски“ близу „Комуналец“. Оние кои имаат потреба од помош може да ги исконтакрираат и на телефонскиот број 070-665-575.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 18 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 19 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена