Поврзи се со нас

Занимливости

Имате мачнината при патувања? Еве како да се справите со тоа на природен начин

Објавено

на

Мачнината при патување е нормална реакција на нашиот организам која различно се манифестира кај секоја личност.

Додека за некои патувањето е уживање, за други претставува вистинско мачење. Вртоглавицата, главоболката и нагонот за повраќање се најчестите симптоми при патување. Кога тргнуваат на подолг пат, лицата кои имаат мачнина при патување најчесто посегнуваат по апчиња против гадење. Иако помагаат, овие апчиња предизвикуваат омалаксаност, поспаност и непријатно чувство.

Од друга страна, природните методи против мачнината се сосема безопасни и многу делотворни.

Доколку се соочувате со мачнина при патување, половина час пред да тргнете на пат испијте малку вода во која сте ставиле половина лажичка ѓумбир во прав. Ѓумбирот се покажа како одличен борец против мачнината и нагонот за повраќање, а испитувањата покажуваат позитивни резултати дури кај 70% од лицата кои се соочуваат со овој проблем. Дејството на овој природен лек трае околу 4-5 часа, па доколку има потреба во текот на патувањето повторете ја дозата уште еднаш.

Што друго помага при патување?

  • Не патувајте гладни. Лесен оброк пред патувањето ќе ви помогне полесно да ја избегнете мачнината.
  • Пијте вода, но никако газирани пијалаци или сокови од лимон. Овие пијалаци го нагризуваат желудникот, па само ќе ја зголемат мачнината. Можете да пиете и чај од нане, камилица или лаванда бидејќи овие чаеви се одлични против мачнината.
  • Грицкајте крекери или освежителни бомбони, гледајте право пред себе, избегнувајте да се вртите назад, не читајте и не правете нагли движења со главата.
  • Повремени паузи на свеж воздух се исто така добредојдени.

Природата има лек за многу нешта, а ѓумбирот е еден од најдрагоцените лекови. Изберете природен метод против мачнината и уживајте во патувањето.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена