Поврзи се со нас

Вести

Инјекција која лечи мамурлак

Објавено

на

Американски научници работат на „инјекција за трезвеност“ којашто би можела да помогне при закрепнување од негативните последици од мамурлакот. Истражувачите од Универзитетот на Југозападен Тексас на лабораториски глувци им дале „прекумерна“ доза етанол, еквивалентна на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето. Потоа, на „алкохолизираните“ заморчиња им бил вбризгуван хормонот ФГФ21 (фактор на раст на фибробластите 21), којшто се наоѓа во црниот дроб.

Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот. Научниците откриле дека на глувците со природно пониски нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават, отколку другите.

Се покажа дека високите дози на ФГФ21 „значително го забрзуваат“ отрезнувањето преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето – дури и кога нивото на етанол во нивните тела не е променето.

Познато е дека ФГФ21 штити од лошите последици на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки. Глувците беа тестирани и во однос на рефлексот и рамнотежата по изложувањето на етанол. Раководителот на истражувањата, д-р Стивен Кливе од Универзитетот во Тексас рече дека се надева дека овие наоди ќе бидат корисни во лекувањето на пациентите со акутно труење со алкохол.

– Зголемената будност на пациентот би ни користела многу во вакви ситуации, пред сѐ затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да се запомни и дека пациентите во несвест можат да се задушат во сопствената повраќаница, но и да го забрзаат процесот на проценка и третман на други повреди кои честопати се случуваат истовремено, рече тој.

Д-р Кливе додаде дека црниот дроб не само што е вклучен само во разградувањето на алкохолот, туку и испраќа хормонален сигнал до мозокот да се заштити од штетните последици на труењето, како губење свест и координација. Резултатите од научните истражувања се објавени во стручното списание „Сел метаболизам“ (Cell Metabolism)

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 7 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 9 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 12 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 13 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 14 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 15 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 17 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 17 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 19 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена