Гостивар
Инспекцијата затвори локал во Гостивар заради непочитување на антиковид мерките

Од вчеравечер инспекциските служби постапуваат по новите овластувања, според кои може да преземаат поригорозни мерки за прекршителите. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови изврши вкупно 48 надзори и 742 контроли низ угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените протоколи.
„При спроведените контроли во Гостивар во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ Јавор, констатирано е прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, за што ќе се преземат соодветни мерки. Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти. Во истиот момент кога се констатирани прекршувањата, ДПИ на лице место го затвори објектот, а изречена е и парична казна“, се вели во известувањето на Државниот пазарен инспекторат.
Најмногу контроли и надзори се спроведени во Скопје, односно 213 контолри и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи, потоа во Битола (9 надзори и 131 контроли), Штип (3 надзори и 83 контроли), Кавадарци (3 надзори и 63 контроли), Струмица (2 надзори и 50 контроли), останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила