Вести
Инспектори на терен во Гостивар заради загадувањето на воздухот
Воздухот во Гостивар изминатите денови често имаше високо ниво на штетни ПМ10 честички, што ги покрена општинските инспектори за животна средина да спроведуваат контроли на фирмите кои поседуваат интегрирана Б еколошка дозвола. На терен се проверува дали и колку потенцијалните загадувачи ги почитуваат пропишаните правила и стандарди за заштита.
„Од денес инспекторите се на терен. Нормално кај оние објекти кои поседуваат Б дозвола за кои ние како локална самоуправа смееме да интервенираме. Како долготрајно решение на проблемот со загадувањето е гасификација и воведување на еколошки јавен транспорт.“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Според официјалните мерења, воздухот во Гостивар, во ноември имал повисоко средно ниво на штетни ПМ10 честички од дозволеното, десетина дена. Вчера (18 ноември) е измерена највисоката среднодневна вредност која изнесувала 141 мг/м3, што е речиси трипати над нормалната граница. Загадувањето најчесто расте во доцните попладневни и вечерни часови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград