Македонија
Инспекцијата во масовна вонредна контрола на детските играчки што се продаваат

Колку се безбедни детските играчки кои се продаваат низ дуќаните, што содржат и дали се штетни по здравјето на децата? Одговор на овие прашања се очекува да дадат резултатите од вонредните инспекциски контроли, кои Државниот санитарен и здравствен инпекторат треба да ги спроведе. Владата, на вчерашната седница ја усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, за првиот квартал од 2019 година и го задолжи Инспекторатот да спроведе вонредна масовна контрола за квалитетот на играчки коишто се продаваат на територијата на нашата држава.
Со Законот за заштита на потрошувачи пред да биде пуштена во промет играчката треба да ги исполнува основните безбедносни и здравствени услови. Играчките треба да бидат дизајнирани и произведени на начин кој ги исполнува стандардите за хигиена за да се избегне било каков ризик за инфекции, болести и контаминација. Сепак, во продавниците и по тезгите може да се најдат голем број играчки кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди и претставуваат опасност за децата.
Во 2017-та година, инспекцијата повлече и забрани продажба на повеќе модели кукли, украсни пенкала, гумени и пластични играчки, сите со потекло од Кина. Играчките биле опасни поради ситни делови, лесно паѓање на косата, имало присуство на патогени бактерии и слично.
Во пресликувачи-тетоважи дури било откриено присуство на тешки метали-олово, што е голем ризик за здравјето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар