Гостивар
Интензивни акции во Гостивар: 300 евра казна за возење без возачка дозвола
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/05/pol33.jpg)
Секторот за внатрешни работи Тетовo значително ги засили превентивно-контролните сообраќајни активности во Тетово и Гостивар и повторно апелира, особено до младите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и да ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
„На возачите-почетници,пак, им се советува во доцните вечерни часови задолжително покрај себе да имаат придружник и да не конзумираат алкохол, што е честа појава посебно во текот на викендите. На возачите, исто така, им се укажува навреме да ја проверат техничката исправност на возилата и да ги регистрираат.“, велат од СВР.
Управување возило без дозвола, согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, претставува прекршок за кој е предвидена парична глоба од 300 евра во денарска противвредност. Глобите за истечена регистрација, пак се движат од 100 до 500 евра.
Полицијата апелира до возачите и да ја прилагодат брзината според условите на патот, пред се кога се движат во населено место и особено по најфрекфрентните улици.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица