Поврзи се со нас

Гостивар

Исполнет буџетот за субвенции за инвертери во Гостивар, повикот е прекинат

Објавено

на

Општина Гостивар соопшти дека средствата издвоени во буџетот за субвенционирање за набавка на инвертери се потрошени пред истекот на крајниот термин во јавниот повик. Поради таа причина, повикот се прекинува и повеќе не се примаат апликации. Ваква можност беше предвидена и во самиот повик: „Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 Октомври 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.“

Граѓаните покажаа голем интерес за субвенции за инвертер клими за греење и до службите беа поднесувани по 30-тина барања дневно. Во наредниот период, комисија најпрво ќе ги разгледува пристигнатите барања и документацијата, па ќе врши теренски увид кај сите подносители кои имаат доставено комплетна документација за да утврди дека ги исполниле сите услови од повикот.

Општината ќе надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена