Поврзи се со нас

Македонија

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Објавено

на

Под итно да се набави лекот „фезго“, јавно побара денеска Елизабета Ристовска, пациентка со канцер од Скопје.

-Терапијата „фезго“ што ја примаме на 21 ден, минатата недела ја немаше, денеска ми е термин да го примам лекот, до десет часот имало, од десет часот веќе нема од лекот и не враќаат, реагираше таа.

Ова се случува, нагласи таа, иако се тврдело дека „нема доцнење на лековите, дека сите онколошки пациенти се навремено снабдени и сите пациенти со канцер се подмирени со лекови“.

Побара итно решавање на проблемот, за, како што подвлече,  пациентите да не трпат последици поради немање лекови.

Од Клиниката за онкологија, рекоа за МИА дека станувало збор само за неколкучасовен недостиг, дека е направена нарачка, очекуваат да стигне во секој момент, најкасно до утре.

„Пациентите никако нема да останат без лек. Воопшто нема проблем. Генерално, ги имаме сите лекови, да не се прави паника за неколкучасовен недостаток“, нагласија од Клиниката.

Оттаму додадоа дека засега имало проблем само со еден друг лек, но проблемот бил кај производителот и се надеваат дека во најскоро можно време и тој проблем ќе се надмине. Се правеле напори да се земе од друг производител.

На новинарско прашање околу тоа дека онколошки пациенти со рак на дојка денеска иако поминале стотици километри не добиле биолошка терапија и биле вратени, министерот Фатмир Меџити рече дека има дефицит на биолошка терапија, дека се случува во одредени времиња да има дефицит на таква скапа терапија.

„За жал, расте бројот на такви пациенти и кога се прават набавки со условен буџет, некогаш не можат да се предвидат и се случува да има недостаток од неколку дена“, појасни министерот.

Тој нагласи дека работат на случајот и проблемот во брзо време ќе биде решен.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Гостиварпред 2 недели

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Спортпред 11 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена