Гостивар
Полицијата во Гостивар ќе контролира: До 2.000 евра казна за незаконско користење на светлосни и звучни уреди на возила

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со контролни и други мерки за откривање и законско санкционирање на возила кои, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, имаат вградено и користат уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци, попознати како „флешери“.
„Сите кои незаконски користат вакви уреди се санкционираат со изготвување на соодветни поднесоци, согласно членовите 138, 139 и 140 од споменатиот Закон. Паричната глоба за физичките лица изнесува 300, а за правните лица 2000 евра во денарска противвредност. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека ваков вид уреди можат да користат само возила со кои полицијата или воената полиција врши придружба, како и возила со право на првенство на минување(медицински, противпожарни и други ).“, стои во соопштението на СВР.
Со цел уште еднаш поблиску да се информираат за начинот на користење на уредите за давање посебни светлосни и звучни знаци, но и за законските импликации доколку се злоупотребат истите од физички или правни лица, Отсекот за превенција на СВР Тетово ќе оствари средби со одговорните лица во сите локални самоуправи на подрачјето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче