Вести
Изгорело „ауди“ во четири часот утрово
Од засега неутврдени причини, утрово околу четири часот било опожарено возило марка Ауди А4. Пожарот се случил во гостиварското село Градец, а возилото било паркирано во импровизирана гаража.
Како што соопштуваат од полицијата, аудито со гостиварска регистрација е во сопственост на 41 годишен жител на селото, кој го оставил паркирано во гаража пред куќа на неговиот татко. Од огнот целосно изгорела внатрешноста на автомобилот, а биле зафатени и ролетни и фасада на објект што бил во близина. Со интервенција на Противпожарната единица пожарот бил локализиран и угаснат. Повредени немало, а причинетата материјална штета се проценува на околу 8.000 евра.
Утрово бил извршен увид од полициски екипи од каде информираат дека се работи на утврдување на околностите и причините за пожарот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди