Гостивар
Изложба во Гостивар: Девојките често добиваат сексуално вознемирувачки пораки по интернет

Необична изложба се одржа денеска на плоштадот во Гостивар, со цел јавно да се говори за сексуалното вознемирување кое многу девојки го трпат на социјалните мрежи. Пред гостиварци беа изложени илустрации со вознемирувачки пораки кои ги добиваат девојките на интернет. Настанот го организираше Центарот за еднакви можности „Бубамара“, чие истражување покажало дека над 68% од припадничките на понежниот пол примиле пораки од машки лица кои содржеле разни форми на сексуално вознемирување, горов на омраза, закани.
„Илустративно ги прикажуваме пораките кои девојките ги добиваат секојдневно, а ни ги препраќаат нам, со оглед дека веќе една година работиме на оваа тематика. Сметаме дека полицијата треба да посериозно да ги сфати овие работи. Нашите искуства покажуваат дека девојките и кога ќе пријават таков случај, не знаат што понатаму се случило, дали е пронајден сторителот, што е преземено. Понекогаш полицијата им дава погрешни информации велејќи дека немаат право да дознаат кој е сторителот или што ќе се случи со пријавата понатаму. Ги поставивме илустрациите на плоштадот за да пратиме порака дека интернетот е реалност, не е некоја друга димензија, туку дека тоа што се случува таму е присутно и во реалниот живот. Целта ни е да ги поттикнеме жените и девојчињата да пријавуваат вознемирување на социјалните мрежи.“, рече Рита Бехадини од „Бубамара“.
Изложбата претходно беше поставена во Скопје и Тетово. Оваа активност беше реализирана како дел од кампањата „SEEN“, во рамки на проектот „Млади градови“, поддржан од Институтот за стратешки дијалог – ИСД во соработка со Democracy Lab и Центар за млади и заедница – Гостивар.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја