Гостивар
Изменет сообраќаен режим за товарни возила на патиштата Гостивар-Кичево и Дебар-Гостивар
Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните, сопственици и возачи на товарни возила дека од први јули до први септември оваа година во сила се измените на режимот кои се однесуваат на сите видови товарни возила. Според овие измени, на магистралниот пат Гостивар-Кичево забрането е движење на товарни возила во петоците од 15 до 22 часот, во саботите од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во неделите од 7 до 22 часот.
Истото се однесува и на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови-Гостивар. На овие патишта веќе е поставена соодветна вертикална сигнализација која го регулира изменетиот режим и со која се ограничува движењето на овој вид возила.
Изменениот режим не ги опфаќа товарните возила кои превезуваат нафта и нафтени деривати, житни култури, лесно расипливи производи, жив добиток и хортикултурни производи.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да се придржуваат на изменетиот режим и укажува дека секое непочитување адекватно ќе биде санкционирано.
-
Гостиварпред 3 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?
-
Гостиварпред 2 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил
-
Гостиварпред 2 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате