Вести Гостивар
Југословенски колач: Десерт што се враќа во мода

Рецептот за овој десерт беше доста популарен меѓу домаќинките во времето на Југославија. Според кажувањата, настанал во седумдесеттите години, а сите го засакале затоа што се прави прилично лесно и содржи едноставни достапни состојки. Ако ѕирнете во старите тетратки со рецепти на вашите мајки и баби, сигурно некаде ќе го сретнете. Едно е сигурно, превкусен е, се топи во уста и се враќа во мода.
Состојки за кора:
4 јајца
100 грама шеќер
200 грама брашно
100 милилитри масло
100 милилитри вода
прашок за пециво
Состојки за фил:
1 литар вода
1 килограм јаболка
2 кесички пудинг од ванила
100 грама шеќер
За декорирање: 500 милилитри слатка павлака или шлаг
Подготовка:
Изматете ги белките и 50 гр. шеќер во цврст шлаг. Измешајте ги жолчките со масло, вода, брашно и прашок за печиво. Откако добро ќе се измешаат, соединете ги двете смеси со лажица. Убаво измешани, ставете ги во плех. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 20 минути.
Во 900 милилитри вода додајте го останатиот шеќер и оставете да зоврие, па додадете ги ситно сецканите јаболка и варете дваесеттина минути.
Измешајте го остатокот од водата со 2 пудинга и додајте ги во водата со јаболката, па продолжете да загревате околу 3 минути и врелата смеса истурете ја врз корите.
Кога ќе се излади колачот, изматете слатка павлака или шлаг и премачкајте го. Оставете го колачот да отстои, пред да го послужите.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер