Здравје и убавина
Како до повеќе енергија од утро до мрак
Секојдневно се соочуваме со многу предизвици, стресови, проблеми кои бараат решавање и акција, а ние не секогаш имаме енергија да се справиме со сето тоа. Без разлика дали станува збор за работното место или за дома, има неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги наполните батериите и да го подигнете вашето расположение. Потоа се` ќе биде полесно.
– штом се разбудите погледнете кон светлината. Откако ќе го изложите телото на утринска сончева светлина, организмот ќе престане да произведува мелатонин (хормон на спиење), а енергијата наместо за расонување ќе ја насочите за справување со дневните предизвици.
– првиот оброк нека биде банана затоа што со неа ќе го зголемите енергетското ниво на организмот за цели 20%. За дополнително зголемување на енергијата, во вашето утринско мени додадете мусли или некои други житни зрна.
– кога ќе стигнете на вашето работно место и откако ќе сработите дел од работата, време е лесно да се истегнете. Можете исто така и да прошетате низ ходникот или да отидете до тоалетот ако работите во канцеларија. Преку ова истегнување или кратка прошетка успешно ќе им се спротивставите на мрзливоста и заморот кои се јавуваат после работното утро.
– исправете се и насмевнете се за да го залажете мозокот да ве убеди дека се чувствувате како што изгледате. Овој трик е многу ефектен и докажан, затоа во никој случај немојте да го прескокнувате.
-пред долг и важен телефонски разговор најдобро е неколку пати да чекорите напред – назад за да ја подобрите концентрацијата. Мозокот ја одржува својата виталност кога ја форсирате неговата работа, така што ова е одличен тренинг.
– ако завршивте со работното време и сте тргнале на пат за дома, нормално е во овој период од денот да почнува да ве фаќа дремка, затоа што телото се ослободува од напнатоста од работните обврски. Но ако сакате да бидете будни и ако сакате вниманието значително да ви се подобри за да можете ефикасно да продолжите да ги извршувате домашните обврски, на патот кон домот џвакајте гума за џвакање со вкус на нане.
– смеењето на некоја телевизиска серија може двојно да го намали вечерниот замор кој го чувствувате после напорниот ден. Смеењето ја подобрува инсулинската чувствителност и им помага на мозочните клетки да апсорбираат колку што е можно повеќе шеќери. Затоа многу е важно навечер да се смеете или да се опуштите во релаксирана атмосфера.
– исчешлајте ја косата за подобар сон затоа што главата содржи илјадници нервни завршетоци, па кога се чешлате ги масирате мускулите и на тој начин се ослободувате од стресот. Не заборавајте да поминете со четката во пределот зад ушите и вратот бидејќи таму е вистинска „џунгла” од нерви. Оваа постапка секако дека нема да ве снабди со енергија, но ќе ве ослободи од напнатоста пред спиење.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди