Поврзи се со нас

Вести

Каква храна им треба на оние кои спортуваат?

Објавено

на

Од правилната и балансираната исхрана не зависи само здравствената состојба на спортистите, туку и нивните резултати кои ги постигнуваат во текот на натпреварите. Затоа, спортистите треба строго да водат сметка за исхраната за време на тренингот и после него. Со самото внесување на храна во организмот, се внесува и енергија, хранливи материи, неопходни за развој и регенерација и одржувањето на основните животни функции.

Под правилна исхрана се подразбира одржување на рамнотежа помеѓу храната што ја внесуваме во организмот и енергијата што ја трошиме. Научно е докажано дека, доколку исхраната не е соодветна и не одговара на барањата на специфичното оптоварување на организмот, условите за добри резултати ќе изостанат.

Основни карактеристики на исхраната за спортисти

Енергетските потреби кај спортистите се поголеми, во однос на луѓето на иста возраст, иста висина и тежина, а кои не се бават со спорт.

Поради интезивната работа на мускулите, внесувањето на мала количина на храна може да доведе до тоа организмот да не функционира како што треба.

Натпреварувањето, како и тренингот се пропратени со голем губиток на вода, минерални, сол и витамини. Младите спортисти многу повеќе губат енергија од постарите, во фаза на натпреварувањето – тренингот.

Програмата за исхрана, мора да биде прилагодена за секоја личност посебно. Секој организам има свој сопствен начин на искористување на секоја хранлива материја, витамин и минерал. Телото искористува онолку енергија, колку што бара степенот на биолошката функција, а доколку остане вишок, тој се лачи.

Поради биохемиските индивидуалности на секоја личност, дневните потреби за хранливи материи се разликуваат. Недостатокот на одреден витамин, доведува до пореметување на биолошката функција на одреден орган, потоа на системот и на крајот на целиот процес во организмот. Се појавува намален квалитет на крвниот систем. Главни елементи, неопходни за произведување на црвените крвни зрна се: железо, цинк, фолна киселина, витамин Б12, Б6, витамин Ц и аминокислените. Кога се засилува оптоварувањето на телото, за време на тренинг, тогаш и количнината на овие состојки во исхраната треба да се зголемат

Физичката активност, секако троши поголема енергија. Како најголем извор на енергија се протеините, кои ги има во разни производи. Здравата исхрана за спортистите, мора да содржи многу мало ниво на шеќер, а такви производи се: житариците без шеќер, безглутенскиот леб и свежото овошје. Оваа таканаречена спортска храна, побавно се вари, па нема нагли скокања на шеќерот во крвта, а со тоа и инсулинот не се лачи во голема количина.

Секогаш јадете три часа, пред започнувањето со физичките активности. Додека вода треба да пиете, пред, за време на тренингот и по завршувањето на тренингот. Предност треба да се даде на онаа исхрна, која содржи најмалку јаглехидрати, а периодот на исхрана помеѓу овие оброци не треба да е поголем од три часа. Треба да внесувате најмалку пет обороци, а најмногу седум во текот на денот.

Билни протеини, наместо животински

Правилната исхрана за спортистите, треба да се базира на производи од билно потекло. Билките ги содржат сите неопходни витамини и минерали, како и повеќе од потребна количина на протеини. Поиздржливи се оние спортисти кои консумираат билни производи, наместо животниски.

Најчести грешки во здравата исхрана

Месото е важен извор на протеини, но пазете се од „скриените масти“. Тренингот бара внесување на поголема количина на белковини. Ако овие потреби, се надополнуваат со преголема количина на месо и месни преработки, тогаш заедно со протеините, внесувате и скриени масти, што за спортистите е непожелно и штетно. Внесувањето на белковини во организмот, зависи од видот на спортот.

Втора присутна заблуда кај спортисите е тоа што тие после долгиот тренинг, откако ќе ожеднат, наместо да консумираат вода, пијат разни сокови. Водата е најдобар начин да се засити жедта.

Што е идеална исхрана за спортистите?

Наместо витаминските и протеинските производи, со кои спортистите често претеруваат, денешната исхрана за спортистите има сосема поразличен пристап. Најважно е секој ден да се внесува свежо, органско и природно одгледувано овошје и зеленчук. Овие производи содржат најмногу потребни материи, кои се неопходни во текот на напорните тренинзи.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена