Поврзи се со нас

Вести

Катастар Гостивар: Бесплатен упис на сопственост за парцели во 15-тина села

Објавено

на

Сопственици на имот во 15-тина населени места, кои се под надлежност на Одделението за катастар во Гостивар, годинава имаат можност за бесплатен упис на правото на сопственост и добивање на имотен лист. Се работи за села каде вкупниот опфат на запишани имоти е под 20% и тие влегуваат во годишната Програма на Владата за 2017-та година за ажурирање податоци по службена должност. Акцијата за бесплатно запишување на правото на сопственост во катастарот, оваа година се спроведува во следните населени места:  Долно Јеловце, Тануше, Нистрово, Бибај, Рибница, Грекај и Нивишта, Сенце, Жужње, Богдево, Кракорница, Бродец, Горна Волковија, Куново и Добри дол.

Граѓаните и правните лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата треба да поднесат барање до Одделението за катастар во Гостивар и да ја приложат целокупната документација со која располагаат: пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови и друго.

Минатата година, во Македонија со Програмата за бесплатно запишување на правата на сопственост, имотен лист добиле околу 4.000 граѓани и правни лица.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена