Гостивар
Казнети возачи во Гостивар оти не пропуштале пешаци

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (18 јули) од 10 до 14 часот спровеле акциска контрола на возачи и нивниот однос кон пешаците, дали и колку им даваат предност, односно ги пропуштаат. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 18 прекршоци (Тетово-14 и Гостивар-4). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непропуштање на обележани пешачки премини, а санкционирани се и 4 други видови сообраќајни прекршоци, извести полицијата.
„На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а оние кои го загрозиле поминувањето на пешаците и со мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.“, стои во соопштението од СВР Тетово.
Оттаму ги потсетуваат возачите секогаш да ги им даваат предност на пешаците на премини и воопшто, а пешаците, пак, да бидат крајно внимателни кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!