Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 08/01/2019 | 19:58

Ќе „пукате“ од здравје: Скриените предности на лутата храна

Некои оброци едноставно не одат, без луто пиперче или некој лут зачин. Има луѓе за кои трпезата е незамислива, ако на неа нема додаток со нешто луто. Лутата храна посебно е омилена во текот на зимата, затоа што зимските специјалитети кои се подготвуваат дома се помрсни и покалорични и со самото тоа си бараа лут додаток.

Освен што ни го зголемува апетитот и пружа вистинско уживање, лутата храна носи и доста бенефит за нашето здравје.

Добра е за слабеење и има лековито дејство

Лутата храна влијае врз регулирањето на телесната тежина и ја намалува. Истражувањата покажале дека лутите феферони содржат капсаицин, состојка која има термогено дејство, кое му помага на телото да согори што повеќе калории. Оваа материја (капсаицин) е моќен природен лек, помага во борба против настинки, а служи како превенција од сериозни болести како карцином и мозочен удар.

Го штити срцето и го намалува крвниот притисок

Лутите пиперки штитат од болести на кардиоваскуларниот систем, го намалуваат ризикот од инфаркт, а го намалуваат и штетното влијание на лошиот холестерол. Медицината докажала дека  лутата храна го намалува крвниот притисок и ги опуштаат крвните садови.

Ослободува од стрес

Лутата храна го поттикнува производството на серотонин, таканаречен хромон на среќата, благодарение на кој луѓето се чувствуваат подобро и поопуштено. Поради тоа, лутата храна е добра во борба против депресијата.

Напишете коментар