Гостивар
Ќе се отпишуваат каматите на долговите за вода, комуналии, гробно место, здавствени услуги…
Државните и јавни претпријатија и установи на централно и на локално ниво ќе ги отпишуваат каматите на долговите на граѓаните, дадени на извршување до крајот на 2017 година. Главниот долг ќе се репрограмира. Извршителите ќе можат да наплатуваат петина, наместо како до сега една третина од примањата на граѓаните, кои имаат плата или пензија помали од минималните.
Вакви се новите законски решенија, коишто се очекува да се усвојат најпрво од Владата, а потоа и од Собранието во Македонија.
„Се работи за законски решенија за бришење на каматите на граѓаните по долговите и другите трошоци што ги имаат, кај сите јавни институции, јавни претпријатија институции, државни институции и установи, органи. Се работи за трошоци, обврски, што граѓаните ги имаат за вода, за смет, за канализација, пазари, за вода по полињата, за станбени прашања, здравствени услуги.. Целта е на овие законски решенија е да ги избришеме каматите до крај и да им дадеме на граѓаните на рати да си го платат само главниот долг. Верувам дека голем дел од граѓаните сакаат да си го платат главниот долг, но каматите што често се поголеми од главниот долг и сите трошоци внатре, и да сакаат, немаат од каде да го направат тоа“, соопшти премиерот Зоран Заев.
Премиерот апелираше до приватните доверители, како на пример ЕВН, Телеком и други, да го следат овој пример и да ги отпишат каматите и да ги репрограмираат нивните долгови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград