fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе се постави заштитна ограда на кејот на Вардар во Гостивар

Објавено

на

Шеталиштето покрај Вардар во Гостивар ќе стане побезбедно место за граѓаните. Локалната самоуправа почна процедура за поставување на заштитна ограда покрај кејот. Предвидено е од двете страни на реката, на потегот од малиот пешачки мост (кај маркет Монтенегро) до големиот мост, да се постави ограда од метална конструкција со бетонска столбови. Фирмата што ќе ги изведе работите ќе се избере преку јавен оглас, чии рокови привршуваат деновиве.

„Поставувањето на заштитна ограда како приоритет е на барање на граѓаните кои секогаш коментираа дека е неопходно нешто такво за да се осигура безбедноста. Тендерската постапка веќе тече, во процедура сме на избор на фирма што ќе ги изврши тие работи. Предвидено е во должина од околу еден километар, од малиот пешачки мост до големиот мост кај болницата, да се постави ограда од двете страни. Верувам дека овој проект целосно ќе се заврши во наредните два-три месеци.“, рече Дашмир Османи од општинската Канцеларија за локален економски развој.

Оградата ќе се конструира со поинаков терк во делот на новиот спортско-рекреативен центар, кој гостиварци најмногу го користат за шетање, особено семејствата со мали деца.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!