Поврзи се со нас

Македонија

Ќе се зголемува додатокот за децата со посебни потреби

Објавено

на

На вчерашната 77-ма седница на Владата министрите го прифатија предлог-законот за изменување и дополнување на законот за заштита на децата.

Предложените измени и дополнувања на овој закон се во насока на подобрување на финансиската состојба на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, како и овозможување на деца за кои се користи право на посебен додаток да бидат здравствено осигурени, доколку не се осигурени согласно закон.

Предложените измени и дополнувања на законот за заштита на децата ги содржи следниве решенија:

– износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со законот за заштита на децата да се зголеми од 4.202 денари на 5.021 денари;

– на зголемените износи (за самохран родител кој има дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години) да се зголеми  од 6.303 денари на 7.351 денари; – за материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална парична помош и постојана парична помош кои имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот да се зголеми од 5.252,50 денари на 6.276 денари.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ја разгледа и ја прифати информацијата за изградба на дневен центар за деца со аутизам. При тоа Владата го задолжи ресорното министерство во рок од 30 дена да ја отпочне потребната постапка за вадење на градежна дозволи. За најдоцна 6 месеци Министерството за труд и социјална политика треба да ја информира Владата за целосната реализација на проектот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена