Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар денеска му гостува на битолски Пелистер

Објавено

на

Следува 9-тото коло од Првата македонска кошаркарска лига. Кошаркарите на гостиварскиот клуб денеска гостуваат во Битола кај екипата на Пелистер.

КК Пелистер е една од екипите која во сезоната влезе со големи амбиции. Стабилниот буџет им дозволи на битолчани да состават респектабилна екипа. Но, седмото место на табелата со три победи и пет порази очигледно не ги задоволи апетитите на управата, па на неколку дена пред дуелот со Гостивар, „Зелените“ го променија тренерот. На местото на србинот Тодоровиќ, дојде Љупчо Малинков, кој ќе дебитира на денешниот натпревар.

„Бело-сините“ влегуваат во овој дуел после шокантниот пораз на домашен терен од Куманово. Како и битолчани, на гостиварци единствена опција има е победа во овој дуел, доколку сакаат да го задржат чекорот со водечките екипи на табелата. Александар Костоски ќе го пропушти и овој натпревар за Гостивар.

Домаќините не дозволија присуство на гостински навивачи на овој возбудлив дуел. Натпреварот се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола од 18 часот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена